Организираше забава од 120.000 евра, и подари џип вреден 360.000 евра: Еве кој бизнисмен е татко на детето на Сораја

Старлетата Сораја Вучелиќ вчера го роди своето прво дете, синот на кој му го даде името Кан, а јавноста не престанува да погодува кој е татко на нејзиното дете.

Социјалните мрежи на големо шпекулираат за тоа кој е таткото на детето, за кој Сораја не зборувала, а многумина се прашуваат дали тој е бизнисменот за кој старлетата се омажила и го додала презимето Масони.
Медиумите пренесуваат дека Сораја со години е во врска со бизнисмен кој се крие од јавноста и кој води клуб во странство во кој настапуваат пејачи од Србија и регионот.

Организираше забава од 120.000 евра, и подари џип вреден 360.000 евра: Еве кој бизнисмен е татко на детето на Сораја

Минатата година тој на Сораја и организираше роденденска забава во Истанбул која го чинеше дури 120.000 евра.
Неколку месеци пред забавата, Сораја од него добила на подарок блиндиран џип, вреден 360.000 евра, пренесува „Мондо“.

Инаку Сораја Вучелиќ се породи вчера во болница во Швајцарија и роди момче!

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.