Оризова вода за слабеење е хит на интернет: Дали навистина функционира?

Нов пијалок стана вирален на социјалните мрежи поради тврдењата дека е евтина алтернатива на популарните лекови за слабеење.
Овој пијалок, кој се состои од ориз, вода и сок од лимета, се промовира како помошно средство за слабеење, пишува Livestrong.
Многу корисници на социјалните мрежи тврдат дека пијалокот им помага да изгубат и до седум килограми за една недела.
Напоменуваат и дека помалку се чувствуваат гладни и дека им се намалила желбата за слатки.
Но, дали овој напиток помага при слабеење?
Главната предност на овој пијалок е тоа што е релативно нискокалоричен бидејќи всушност е скробна вода.
Може да биде корисен за слабеење ако се користи како замена за оброк.
Комбинацијата од оризова вода и сок од лимета може да им помогне на луѓето да се чувствуваат сити пред оброците и да јадат помалку.
Сепак, иако оризовата вода може да има некои придобивки, нема докази за поддршка на тврдењата дека таа има значително влијание врз губењето на тежината.
Пијалокот може да помогне да се намали гладот, но не на начинот на кој тоа го прават лековите за дијабетес и дебелина.
Скробот се шири во стомакот и може да создаде чувство на ситост, но тоа е привремено. Напитокот всушност нема никакви метаболички ефекти.
Експертите предупредуваат и дека пијалокот нема хормонски ефекти кои би ги стимулирале нашите рецептори.
Потенцијален проблем може да биде и тоа што ако имате гастроезофагеална рефлуксна болест, киселоста на лиметата може да ги влоши вашите симптоми.
Како заклучок, експертите нагласуваат дека слабеењето со помош на овој напиток е привремено и не води до трајни, здрави и долгорочни промени.

Пронајдете не на следниве мрежи: