Оружен грабеж во Сарај, украдени два милиони денари

Tри маскирани лица денеска во околу 11 часот пред експозитурата на Халк банка во скопската населба Сарај нападнале жител на Крушопек, при што од него одзеле торба во која имало околу два милиона денари.
Двајца од напаѓачите биле вооружени со автоматски пушки, а нападот бил извршен кога жителот на Крушопек се паркирал со возилото пред банката. Тој планирал парите, кои потекнувале од промет од фирма со седиште во Сарај, да ги уплати во банката.
По нападот, напаѓачите кои носеле „фантомки“ избегале со возило со непознати регистарски броеви и се упатиле кон Матка. Полицијата трага по нив.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.