Освежувачки мус од лимон од само 3 состојки: Најубавиот летен десерт

Станува збор за рецепт кој можат да го совладаат и најголемите аматери во кујната бидејќи најтешкиот дел во целата постапка е чекањето мусот да се излади во фрижидер.
Од слатките не се откажуваме ниту налето, а наместо комплицирани рецепти со многу состојки, во ова годишно време нѝ се омилени освежителните и едноставни десерти како овој вкусен мус од лимон кој се подготвува од само три состојки и не вклучува сирови јајца.


Потребни состојки:
– 250 мл. павлака за шлаг
– 230 гр. бело чоколадо
– 80 мл. свежо цеден сок од лимон
Начин на подготовка:
1. Иситнете го белото чоколадо на помали делови, ставете го во огноотпорен сад и стопете го на шпорет или во микробранова рерна.
2. Во стопената смеса додајте свежо цеден лимонов сок и добро промешајте. Смесата оставете ја во фрижидер околу половина час.
3. Изматете ја павлаката во шлаг и рачно измешајте ја во смесата со лимон додека не се соединат сите состојки.
4. Поделете ја смесата на помали порции и ставете ги чашите во фрижидер два часа пред да ги послужите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.