Балканската мега ѕвезда Цеца не ја крие радоста поради свршувачката на нејзиниот син Вељко со неговата избраничка Богдана Родиќ.
Таа откако ја побараа нејзината рака од семејството и подари скапоцен часовник вреден 10 илјади евра, но очигледно тоа не било се од пејачката.
Цеца се одлучила Богдана и Вељко да ги почести со едно убаво патување кое парот дефинитивно ќе го памети до крајот на животот.
-Ќе ги носам во Мексико на 3 и 4 јануари каде што имам настап, желба ми е да ги почестам со едно убаво патување и првите јануарски студени денови да ги поминат во тропски рај. Ќе ни биде супер, вели Цеца за српските медиуми.