Осврт на Павел Шатев за подвигот на Солунските атентатори

Одекнуваа бомбите на македонските безумници, за избезумување на европските умници – за прв пат македонската пробудена свест го играше својот кошмарен танц над безумниот деспотизам и неговите поддржувачи.

Тоа беше делото на 12-те, коешто денес по 20 години, нè тера восхитено да се обѕрнеме назад. Не звучи ли таа смелост на подвигот, таа моќност на индивидуалитетот, како легенда, којашто е неверојатна, но примамлива, волшебна? “

Заклучок
Животот е борба, којашто има смисла единствено кога непрекинато се развива и увеличува. Целта на животот. А следователно и смислата на борбата не е ниту во среќата ниту во успехот. А ниту во богатството или во славата. Не, животот на човекот е како едно дејствие, коешто непрекинато се развива. И притоа произведува нови дејствија, коишто сè повеќе и повеќе растат и се развиваат. Среќата и успехот и животот се поскоро второстепени резултати. Секоја човечка дејност има смисла и цел, кога произведува друга, посилна и поактивна дејност.

Прагматизмот во животот на човекот се разликува од утилитаризмот. По тоа што принципот за ползата се заменува со непрекинатото дејствување на индивидуата.

Непрекинатото дејствување на човекот во животот се единствените средства, коишто го осигуруваат и гарантираат постепеното развитие на индивидуата и општеството.

Кога сме во непрекината дејност, акција или труд, резултатите, потврдувачки или одрекувачки. Секогаш можат да ни дадат поука и напатствија како поправилно да се стремиме кон постигањето на нашиот идеал воживотот.

Еден човек, каде и да е, секогаш може да се поучи од сè во животот, доволно е само да посака и да е заинтересиран. Секој национален деец, каков и да е, при какви услови и да е поставен, ако општиот интерес секаде и секогаш го поставува над личниот и се воодушевува од идеалот, секаде и секогаш со сè во животот може да е полезен на својот народ.

Секој револуционер конспиратор, и покрај сите незгоди, случајности, непријатности, пречки, може да успее само при еден- единствен услов, ако секогаш и насекаде, по каков и да било повод, случај или собитие, е подготвен да стави крај на својот живот, да умре без да се плаши од смртта, којашто не се знае кога и како ќе дојде.

Не се револверите, пушките, бомбите или огнените машини, тие кои даваат сила во борбата, туку напротив – само идејните побуди, личниот пример, решителноста, смелоста и бестрашноста на револуционерот се оние што на крајот секоја замисла и, секоја борба ја венчава со успех – било по планини и полиња, било по села и градови.

Тоа може да се постигне само кога се има полна свест дека општото добро треба да биде пред сe и над сe наш раководител при нашето беспоштедно служење на татковината.

  1. Извадоk од мемоарсkиот труд на Павел Шатев, „Вo Makeдoниja под ропство”, (трето издание, издава Отеч. фронт, Софија, 1983 г.)
  2. в. „Илинден“, бр. 17, 29.IV.1923 г.
  3. 3авршните зборови од книгата „Bo Makeдoниja под ропство”
Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.