Ослабете преку игра: Три танци кои ги топат килограмите

Многу жени сакаат да танцуваат, но ретко која го користи танцот како начин на губење на килограмите. А, танцувањето освен што е забавно, одлично е и за обликување на телото.
Танцување е одличен сојузник на убавина и затегнатото тело.  Покрај тоа што е забавно и никогаш не е здодевено, тој совршено го обликува телото, ја подобрува кондицијата доведува до брзо губење на килограмите , токму на оние места каде што ви е најпотребно. Ако сте уморни од монотонот трчање или здодевни вежби во теретана, обидете се со еден од трите танци. Нема да зажалите, а доколку сте , упорни резултатите  ќе ги видите многу брзо.

Зумба
Зумбата  е комбинација на динамични креации и елементи на латиноамерикански танци , што го прави овој облик на вежбање особено забавен. Еден час интензивно вежбање на зумба помага во трошење на дури 500 калории. Најдобро од се е што на тренингот толку добро ќе се забавувате што дури и ќе заборавите дека сте дојдени да ослабете или да го обликувате телото.
Стомачен танц
Стомачниот танц е еден од најстарите и најпопуларни игри. Овој танц може да го играат сите жени, без оглед на структурата на телото или на годините. Тој овозможува голема слобода и креативност, а сензуалните движења на многу жени им помагаат и во градењето на самодовербата.
Латино танци
Веројатно најпопуларни, латиноамериканските танци се идеални за губење на килограми, за стекнување на кондиција и обликување на целото тело. Ако никогаш не сте танцувале на ниеден сличен танц , вистинско време е да се запишете на час по латиноамерикански.Многу жени сакаат да танцуваат, но ретко која го користи танцот како начин на губење на килограмите. А, танцувањето ос

Пронајдете не на следниве мрежи: