Актерката и пејачка Џесика Симпсон со години се бори со вишокот килограми, особено по секоја бременост.Таа често беше мета на шпекулации за нејзината тежина, која често флуктуираше. Меѓутоа, во изминатите пет години таа успеа да „соблече“ неверојатни 45 килограми.Таа се бореше со килограмите
Сите се прашуваа како успеала да ја доведе својата линија до совршенство, а таа тврди дека нејзината тајна е во здравата храна и редовното вежбање.– Ослабев речиси 50 килограми дури три пати . Во секоја бременост се здебелив многу, но оваа последна дефинитивно беше најтешка – изјави таа во шоуто The Real.Неверојатна трансформација
Пред две години, поточно во 2022 година, таа постигна импресивни резултати со помош на тренерот Харли Пастернак кога ослабе 45 килограми за само шест месеци по породувањето. Харли Пастернак за „Women’s Health“ објасни како актерката ја намалила својата тежина. Заедно успеале да пронајдат метод на здрава исхрана и комбинација на вежби кои и овозможиле да не се откажува од она што го сака.„Клучот е во пет здрави навики кои станаа дел од нејзиното секојдневие, а тоа се: дневни прошетки, оброци базирани на програма за ресетирање на телото, надгледуван тренинг, опуштање на умот и квалитетен сон“, откри нејзиниот тренер.Мора да тренира
Кога станува збор за вежбање, Џесика Симпсон не морала да оди во теретана секој ден. Тајната е одење. Познатата актерка и пејачка „одеше“ по 14.000 чекори дневно , пишува Мондо.“Одеев многу. Правев четиринаесет илјади чекори секој ден. Тоа не само што согорува калории, туку и ми помага да ја исчистам главата и да се фокусирам”, рече таа.Покрај одење, таа правеше вежби за целото тело секој втор ден.
„Почнавме со лесни вежби, а потоа постепено го зголемувавме интензитетот и волуменот. Се фокусиравме на неколку мускули дневно . Секој ден во неделата работевме на различни мускули“, објасни таа. Конзумирала три оброци и две закуски. Секој оброк се состоел од протеини, влакна и масти, а грицките биле комбинација од влакна и протеини или масти.