Ослободете се од поткожните влакна во само 2 чекори

Сон на секоја жена за време на летниот период се мазни нозе пред да треба да се соблече во бикини, но за жал најчестата последица од депилирањето се поткожните влакна.
Ова е здравствен и естетски проблем кој настанува кога влакненцата при растењето го менуваат правецот на растење и наместо да излезат на површината растат под неа, при што доаѓа до воспаление на тоа место. Но, сепак постои начин за справување со овие непослушни влакна и тоа со само 2 чекори.  
1. Пилинг за поткожни влакна:
Пилингот служи за отстранување на мртвите клетки на површината на кожата, што е многу важно пред депилација бидејќи мртвите клетки го блокираат растењето на влакната и предизвикуваат да растат однатре.
Состојки потребни за ваков пилинг се:
пола шолја мак во зрна
1 шолја бадемово масло
Подготовка: Во стаклен сад измешајте ги макот и маслото додека не добиете хомогена смеса. Смесата оставете ја да постои половина час по што е спремна за употреба. Потоа со помош на сунѓер и кружни движења втријте ја смесата на посакуваните места и потоа исплакнете. Макот ќе ги отстрани сите мртви клетки, а бадемовото масло ќе ја нахрани вашата кожа и ќе и ја даде потребната влажност.
2. Крем против создавање на поткожните влакна:
Глината Бентонит(можете да ја набавите во подобро снабдените аптеки) во допир со вода се однесува како сунѓер и од кожата ги извлекува сите токсини и вишокот на маснотии. Благодарение на антовирусните својства на глината, таа ја обновува оштетената кожа и ги отвора порите за следното растење на влакната да функционира како што треба.
А пак медот е еден од најдобрите природни хидратанти, а етеричните масла делуваат против воспалително, додека витаминот Е е одличен  антиоксиданс кој ја лекува оштетената кожа.
Состојки:
1 лажица мед
1 шолја бентонит глина
7 капки масло од витамин Е
3 капки етерично масло од камилица, лаванда и чајно дрво
Подготовка:
Во стаклен сад мешајте ги глината и медот се додека не добиете хомогена смеса, а потоа додадете ги останатите состојки. За да добиете кремаста текстура во смесата додадете капка по капка топла вода и добро измешајте.
По пилингот и депилацијата на нозете убаво измијте ги нозете со топла вода и исушете ги, а потоа по цела нивна површина нанесете од подготвената крема и оставете ја околу 15 минути да делува. Потоа, смесата нежно отстранете ја со пешкир натопен во топла вода.Сон на секоја жена за време на летниот период се мазни нозе пред да треба да се соблече во бикини, но за жал најчестат

Пронајдете не на следниве мрежи: