Ослободете се од трвдокорните дамки во кујната со помош на овој производ за автомобили

Сите оние кои го испробале овој трик велат дека исчистената површина била сјајна. Но, ова не е единствената предност. Ако сте од оние луѓе кои не сакаат да чистат веднаш, веќе не треба да се грижите за тоа бидејќи овој производ обезбедува долгорочна заштита што трае 1-2 недели и ги штити површините од сите нови дамки. Само треба да го отстраните нередот создаден на површината со помош на хартиена крпа.
Ослободете се од трвдокорните дамки во кујната со помош на овој производ за автомобили
Станува збор за восок за автомобили. Овој производ може да се користи и во домаќинствата и е безбеден за употреба.
Восокот го штити автомобилот од УВ-зраците и спречува избледување. Исто така, ја штити бојата на автомобилот од измет од птици, а повеќето од овие производи правени на растителна база и се мешаат со други соединенија. Постојат и други различни видови на различни бази, но дефинитивно најдобро е да ги користите оние на растителна база.
Пред сè, потребно е темелно да се исчисти површината на уредот, а најдобро е да ја исчистите со водород пероксид и сода бикарбона. Откако ќе ја исчистите површината темелно, нанесете го восокот според упатството за користење што е напишано на пакувањето. Прво нанесете лесен слој со сунѓер, а потоа полирајте со хартиена крпа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.