Османи: Владата е нелегитимна бидејќи го нема легитимитетот на албанскиот народ

Во денешното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5, поранешниот министер за надворешни работи и актуелен потпретседател на ДУИ, Бујар Османи, рече дека принципиелниот став на ДУИ е дека „оваа влада е нелегитимна бидејќи го нема легитимитетот на албанскиот народ“.

Османи зборуваше за ЕУ-интеграцијата на земјата и предлозите за откочување на процесот што ги дава Владата.

На прашањето дали имаат кредибилитет зашто го договориле актуелното решение за преговарачката рамка и дали стојат зад него, Османи одговори:

„Значи, нашиот принципиелен став е дека оваа Влада е нелигитимна бидејќи го нема легитимитетот на албанскиот народ. По однос на прашањето на Европската унија, ние ги издвојуваме на страна сите тие прашања бидејќи сметаме дека тука не смееме да кочиме и затоа јас едноставно дадов една идеја за размислување во којашто, ако е таа грижата дека постфестум ќе има кој може да не спречи, ние да ги корегираме тие уставни измени, па еве нека се состојат, нека се додаде суспензивна клаузула било каде, колку што го слушнав премиерот дека тоа не држи. Јас не дадов правен предлог, јас дадов политичка идеја и тоа не како ДУИ туку како поранешен министер за надворешни работи, бидејќи се обидуваме овде дури и на нелегитимна Влада да бидеме партнери за Европската унија“.

Пронајдете не на следниве мрежи: