Османи за ТВ21: Од утре, Талат Џафери може да ги води седниците на албански јазик во Собрание

Во вечерашното издание на дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, вицепремиерот Бујар Османи за ТВ21 вели дека од утре спикерот Талат Џафери седниците кои се одржуваат во Собранието може да ги води на албански јазик.
Вицепремиерот Бујар Османи кој вечерва е гостин во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 ексклузивно изјави дека Талат Џафери пред 10 минути го потпишал Законот за јазици и очекуваме вечерва или утре да се објави во Службен весник.
Со ова албанскиот јазик станува службен јазик во Македонија. Тоа значи дека, албанскиот јазик ќе се употребува како втор официјален јазик во Македонија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.