Османи и Димитров на средби со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ

Денес во Брисел вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров  ќе учествуваат на работниот појадок со министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ. Појадокот го организираат министрите за надворешни работи на Грција и Романија, Катругалос и Малешкану.
Според МНР, Димитров ќе брифира за тековните достигнувања во контекст на евроинтеграциите, за спроведувањето на Договорот од Преспа, реформските резултати и генералните очекувања од земјите-членки во насока на донесување одлука за почеток на пристапните преговори со земјата во јуни оваа година.
Димитров и Османи ќе бидат дел од владината делегација што ја предводи премиерот Зоран Заев на утрешниот редовен 15. состанок на Советот за стабилизација и асоцијација меѓу нашата земја и ЕУ. Копретседавач на состанок ќе биде високата претставничка на ЕУ, Федерика Могерини. Претседавањето на Заев доаѓа како резултат на ротирачкото претседателство со Советот за стабилизација и асоцијација. За време на дводневна посета на Брисел предвдиена е и средба меѓу Заев и генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, а во владината делегација од македонска страна ќе биде и министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.

mk_MK
mk_MK