Министерот за надворешни работи Бујар Османи, ќе учествува на 43-та сесија на Министерската конференција на франкофонијата, која ќе се одржи на 18 ноември 2022, како и ќе ја предводи делегацијата на Северна Македонија на 18-от Самит на лидери на франкофонијата, на 19 ноември 2022, во Џерба, Тунис.
Во рамки на најголемите два собири на франкофонските земји и во присуство на голем број светски лидери франкофони, министерот Османи ќе се обрати на темите поврзани со иднината и приоритетните цели на франкофонијата и актуелните случувања во светот.
Воедно, во рамки на Самитот на лидери ќе се избира и идниот Генерален секретар на франкофонијата.
Северна Македонија е полноправна членка во Меѓународната организација на франкофонијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.