Особуко – милански говедски специјалитет

Особуко, или ossobuco alla milanese, е италијански специјалитет попречно исечени говедски коленици кои се динстаат со бело вино и зачини. Доколку сакате да ја почитувате традицијата, тогаш послужете со ризото или палента, иако прилогот варира во зависност од регионот каде се подготвува јадењето.

Денеска ви предлагаме да го пробате рецептот за особуко на професионалниот готвач Лени, а вака подготвеното месо е толку меко што се распаѓа.

Особуко е специјалет од ломбардиската кујна, кое на локалниот дијалект се вика оз бус (òss bus).

Потребни состојки:
1,8 кг телешки коленици
1 кромид
2 стебленца целер
2 мали моркови
5 чешниња лук
1 шолја суво бело вино
1 лажица доматна паста
1 гранче рузмарин
мајчина душица
1 ловоров лист
3 шолји пилешки булјон
брашно
сол
бибер

Подготовка:
На средината на долгиот дел од шницлата врзете конец, па добро посолете ги, побиберете ги и потоа извалкајте ги во брашно.
Потоа на малку масло пропржете го месото од двете страни, па извадете го од тавата. Додадете уште малку масло, па пропржете го ситно сечканиот кромид. Кога ќе омекне, додадете ги сечканите моркови и целерот, а кога зеленчукот ќе омекне, додадете толчено лукче. Промешајте и истурете бело вино. Кога течноста малку ќе испари, додадете ја доматната паста и измешајте, па додајте ги рузмаринот, мајчината душица и ловоровиот лист, па додајте многу сол и бибер. Варете уште неколку минути, а потоа вратете го месото. Истурете булјон и печете во загреана рерна на 180°C околу 2 часа.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.