Осомничениот за убиството на бугарската новинарка ќе биде ослободен

Романскиот државјанин, кој беше задржан во притвор во рамки на истрагата за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова, ќе биде ослободен и против него нема да биде поднесено обвинение, изјави шефот на регионалната полиција во градот Русе, Теодор Атанасов.

– Нашата работа продолжува. Засега нема факти и околности што можеме да ги објавиме.Романскиот државјанин ќе биде ослободен, рече Атанасов.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.