Тројца обвинети во врска со извршувањето на неколку кривични делa, што резултирало со пад на настрешницата на железничката станица во Нови Сад, на 1 ноември 2024 година, остануваат во притвор, објавија српските медиуми.
Високиот суд, донесе одлука претседателот на Комисијата за техничка инспекција на железничката станица во Нови Сад, Милутин С., и член на таа комисија, Биљана К., остануваат во притвор, и Слободанка К., менаџер за развој на инвестициите на ДОО “Инфраструктура на Српските железници” во домашен притвор.
Постои право на жалба против оваа одлука на Високиот суд во Белград, со период од три дена од добивањето на одлуката.