Оставете ги штиклите дома: Рамните чевли се хит оваа пролет, а еден модел е посебно интересен

Секое утро започнува со истиот тивок внатрешен дијалог.
Иако сонуваме да го започнеме денот мирно, со медитација и шолја чај (можеби бараме премногу?), реалноста нè фаќа – првите мисли, по важните животни грижи, честопати се насочени кон едно едноставно, но клучно прашање во однос на модата: што да облечеме?
Колку и да сакаме да го тврдиме спротивното, вистината е дека облеката што ја носиме го обликува она што го чувствуваме во текот на денот. Вистинската комбинација може да ни даде дополнителна доза на самодоверба, да не направи подготвени за сите предизвици (а ги има толку многу) и веднаш да ни го подобри расположението. Затоа што модата не е само прашање на естетика – тоа е начинот на кој комуницираме со светот, но и со самите себе.
Елеганција и удобност
Често пробуваме неколку комбинации пред да се одлучиме за вистинската, но ниедна одлука не е толку комплицирана како изборот на чевли.
Дали треба да се одлучиме за елегантни потпетици кои веднаш го издигнуваат целиот изглед? Или треба да се препуштиме на удобноста на рамните чевли кои се практични, но понекогаш не изгледаат толку софистицирано?
Оваа секојдневна битка ја водевме со години – сè додека не откривме модел кој успешно ги комбинира елеганцијата и удобноста: чевли со бадемаст врв.

View this post on Instagram

A post shared by Julie Sergent Ferreri (@juliesfi)

Овој тренд, кој ги освојува модните инсајдери во последните недели, конечно ни ја реши дилемата. Тајната лежи во едноставниот, префинет дизајн и нежно заоблениот врв.
Овие рамни чевли се повпечатливи од моделите со заоблени пети кои доминираа на пазарот, но се поприлагодливи од варијантите со остар шпиц кои беа популарни во 1990-тите.
Популарни меѓу инфлуенсерите
На почетокот на пролетта 2025 година, забележавме дека многу модни инфлуенсери ги заменија чизмите и патиките со овој конкретен модел.
Дури и Jazmin Tookes е меѓу оние кои ги прифатија – таа неодамна го стилизираше својот пар со тесни панталони, овозможувајќи им визуелно да ја издолжат нејзината силуета, без потреба од високи потпетици.
Безвременски и удобни, овие рамни чевли дефинитивно ќе се најдат во нашиот плакар за чевли во претстојната сезона, истакнува Elle.

View this post on Instagram

A post shared by Alexis Foreman (@alexisforeman)

Пронајдете не на следниве мрежи: