недела, 29 ноември 2026
Најново

Оставија полна торба со пари и телевизор: Левица ја стартуваше кампањата пред АВМУ!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Со перформанс во кој оставија полна торба со импровизирани пари и телевизор денеска пред Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ), партијата Левица официјално ја започна својата изборна кампања.

Поводот беше одлуката на Агенцијата, со која партијата остана без можност за платено политичко рекламирање.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

Од Левица реагираат дека станува збор за „класична политичка цензура и преседан од невидени размери“, оценувајќи дека на овој начин им се скратува целосното политичко рекламирање и финансирање во текот на кампањата. Според партијата, одлуката не претставува само удар врз нив, туку врз демократијата во целост.

Поврзани вести