Млад татко од Австралија кој ја изгубил работата поради пандемијата со корона вирусот, освои 4,8 милиони австралиски долари.
Тој одлучи да остане анонимен, но вели дека поради пандемијата останал без работа, а потоа среќата се свртела кон него. Добивката нема да му биде исплатена веднаш, туку во следните 20 години месечно ќе добива по 10.205 долари.
„Кога сфатив дека јас сум добитник, ја разбудив сопругата, а таа почна да вреска. Безброј пати проверив да бидам сигурен. Не спиевме, правевме планови. Тоа е прекрасно чувство. Ние сме младо семејство со бебе, а ова ќе не обезбеди до крајот на животот“, вели тој за АП.
Познато е само дека е во дваесеттите години и дека живее во Аделаида.
„Неодамна ја изгубив работата поради ковид-19, а ова е големо олеснување. Бев под голем стрес, а сега сум пресреќен. Тоа ни дава финансиска поддршка. Можностите се неограничени. Прекрасно чувство, не можам да бидам посреќен. Мојата сопруга веќе планира да купиме нов автомобил и куќа, и тоа не каква и да е куќа, туку таква каква што замислуваваме“. вели тој.