ОСТВАРЕН НАЈГОЛЕМ ПРОФИТ ВО ИСТОРИЈАТА: Саудискиот нафтен гигант натрупа НЕВИДЕНО БОГАТСТВО во 2022 година

Саудискиот државен нафтен гигант Арамко објави рекордна нето добивка од дури 161,1 милијарди долари за 2022 година – најголемата годишна заработка што некогаш ја постигнала нафтена и гасна компанија.

ОСТВАРЕН НАЈГОЛЕМ ПРОФИТ ВО ИСТОРИЈАТА: Саудискиот нафтен гигант натрупа НЕВИДЕНО БОГАТСТВО во 2022 година

Рекорден профит на компанијата дојде од зголемувањето на цените на енергијата откако Русија ја нападна Украина и санкциите ја ограничија продажбата на руска нафта и природен гас на западниот пазар.

Профитот на Aramco се зголеми за 46,5 отсто во споредба со 110 милијарди долари во 2021 година.

„Ова е веројатно најголемата нето добивка некогаш забележана во корпоративниот свет“, изјави извршниот директор на Aramco, Амин Насер.

Заработката на саудиската компанија е речиси три пати поголема од добивката што ја објави американската нафтена компанија ExxonMobil.

Aramco ја зголеми својата дивиденда за четвртиот квартал за четири отсто на 19,5 милијарди долари, која ќе биде исплатена во првиот квартал на 2023 година. Компанијата исто така објави дека ќе издаде бонус акции на квалификуваните акционери како резултат на рекордниот профит.

Арамко го задржа производството на сурова нафта на 11,5 милиони барели дневно во 2022 година и се надева дека ќе достигне 13 милиони барели дневно до 2027 година. За да го зголеми тоа производство, планира да потроши дури 55 милијарди долари на капитални проекти оваа година.

Огромните нафтени ресурси на Саудиска Арабија, лоцирани во близина на пустинското пространство на земјата, ја прават едно од најевтините места во светот за производство на сурова нафта. За секое зголемување од 10 долари на цената на барел нафта, Саудиска Арабија ќе заработува дополнителни 40 милијарди долари годишно, соопшти Институтот за меѓународни финансии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.