Островите Оркни и Шетланд размислуваат за независност од Шкотска

Трите најголеми групи острови во Велика Британија, Оркни, Шетланд и Вестерн Ајслс, размислуваат за тоа дали ќе ја искористат уставната можност и да побараат поголеми овластувања, вклучително и независност.Во периодот додека Шкотска се подготвува за референдум за независност кој треба да се одржи идната 2014 година, островите Оркни, Шетланд и Вестерн Ајслс, на коишто живеат вкупно помалку од 70 илјади жители, расправат за предностите што би им ги донела независноста.За нас Единбург е исто толку оддалечен колку и Лондон, вели еден од приврзаниците на независноста, пренесува Reuters.Островјаните ги разгледуваат сите опции, од широка независност од британската круна кој на пример ја уживаат островите Ман и Фокландите, до автономија слична на онаа што ја имаат Фарските острови кои во 1948 година се издвоија од составот на Данска.Помалку радикалните опции вклучуваат контрола над риболовот и морското дно коешто засега ѝ припаѓа на британската круна, за локалното население да има поголема позла од новите електрични централи на ветер и поморските енергетски проекти што наскоро треба да бидат покренати.Советите на трите острова ова прашање би можеле да го отворат на редовниот состанок со министрите на шкотската влада на 25-ти март, иако тоа официјално не е на дневниот ред.Портпаролката на владејачката Шкотска национална партија, изјави дека тие секогаш ја поддржувале идејата за широка автономија на Северните острови, како што се нарекуваат овие микро архипелази, во рамките на независна Шкотска.
МакфаксТрите најголеми групи острови во Велика Британија, Оркни, Шетланд и Вестерн Ајслс, размислуваат за тоа дали ќе ј

Пронајдете не на следниве мрежи: