Островот Молокаи е вистински рај

Овој остров останува верен на своите стари Хавајски традиции, сокриен од толпата и буката од надворешниот свет. Ова е место каде ниедна зграда не е повисока од кокосовите дрвја, каде нема сообраќај и семафори.
Молокаи е местото каде можете да почувствувате и апсорбирате енергија од хавајската култура. Ова е вистинско парче рај на земјата.
Без разлика дали сте одлучиле вашиот луксузен одмор да го поминете овде за да се опуштите во мирно и тивко опкружување, или пак, за да доживеете една од бројните авантури кои овој остров ги нуди, ќе се заљубите во местото, веднаш штом пристигнете. Ќе сакате да останете засекогаш. Замислете ги Хаваите од минатото. Неоштетена земја со чиста плажа. Нема облакодери и семафори.

Тоа е денес Молокаи.

Молокаи е петтиот остров по големина на Хаваи, со должина од само 38 милји и ширина 10 милји, во својот најширок опсег. Ова е домот на највисоките гребени во светот. Местото Молокаи е авантуристичко место само по себе, без разлика дали ќе се одлучите за прошетка, возење со велосипед или автомобил, или пак да уживате на една од фантастичните плажи кои ви го нудат тоа.
Доколку имате авантуристички дух, впуштете се во прошетка на оние помалку истражени патчиња, кои водат до националниот парк Калаупапа или откријте плажа на Папокаху, која е е дна од најубавите плажи на овој крај од светот.


Голем дел од населението има хавајски педци, па затоа Молокаи е место во кое се негува вистинската култура на овој егзотичен народ. Луѓето овде сè уште го негуваат својот рурален стил на живот, благодарение на љубовта што ја имаат кон земјата. Тоа што некогаш беа Хаваите, пред експанзијата на модерната индустрија, повторно живее на островот Молокаи. Не пропуштајте ја приликата да го посетите ова фасцинантно место.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.