Осуда за правниот притисок кон новинарите Михајловски и Димовска од Канал 5 од страна на Левица


Причината за поднесените тужби, како што претходно соопштија од Левица, е поради тоа што противзаконски објавиле интерен партиски документ со степен на дверливост класифициран како деловна тајна. Притоа, како што оценуваат од партијата, со умисла го сториле кривичното дело неовластено објавување личен запис

Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ) ги осуди приватните кривични тужби кои политичката партија Левица денеска информира дека ги поднела против Телевизија Канал 5, нејзиниот главен и одговорен уредник Гоце Михајловски и новинарката од информативната редакција Михаела Димовска.

Причината за поднесените тужби, како што претходно соопштија од Левица, е поради тоа што противзаконски објавиле интерен партиски документ со степен на дверливост класифициран како деловна тајна. Притоа, како што оценуваат од партијата, со умисла го сториле кривичното дело неовластено објавување личен запис, казниво по член 148 од Кривичниот законик за кое велат дека е „запретена парична и затворска казна до една година“.

Според ЗНМ, вака поднесените кривични пријави претставуваат злоупотреба на правните механизми со цел да се предизвика несигурност и самоцензура кон новинарите и медиумите во сензитивен период на предизборие.

„Ваквите тужби, посебно кога се иницирани од политичари, пратеници и носители на јавни функции, можат да предизвикаат самоцензура кај новинарите, а со тоа да се наруши правото на информирање на граѓаните. Овие тужби во контекст на Советот на Европа се познати како стратешки тужби за спречување на јавно учество (SLAPP). Проблематично е и што претседател на политичка партија на социјални мрежи објавува саркастични коментари за овие правни закани кон новинарите, бидејќи на овој начин може да се поттикне говор на омраза кон новинарите и медиумските работници“,

велат од ЗНМ во писмената реакција.

Со слична реакција се произнесе и Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ).

– Реклама –

Пронајдете не на следниве мрежи: