недела, 29 ноември 2026
Најново

Осуденик без една нога го сместиле на третиот кат во штипскиот затвор – секој ден маки мачел со скалите

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Осуденик со инвалидитет долго време се качувал со една нога до третиот кат во затворот во Штип. По интервенција на Народниот правобранител, тој конечно добил соодветно сместување и медицинска помош.

Затвореник со инвалидитет, на возраст од околу 70 години, со ампутирана десна нога, подолг период бил приморан секојдневно да се качува и да се симнува по скали до третиот кат во Казнено-поправната установа (КПУ) во Штип, каде што бил сместено. Човекот се пожалил кај Народниот правобранител, посочувајќи дека ваквото сместување е несоодветно и му предизвикува сериозни тешкотии при движењето, објави СДК.

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

По неговата жалба, Народниот правобранител итно реагирал кај управата на установата, нагласувајќи дека случајот претставува повреда на правото на соодветно сместување. Надлежните веднаш постапиле и затвореникот бил преместен во просторија на приземје.

Но, при следната посета на КПУ Штип, истото лице повторно се пожалило – овојпат дека иако е на приземје, му било доделено легло на горното ниво од двоспратен кревет. По ново укажување на Омбудсманот, ситуацијата повторно била исправена и му било овозможено легло на долното ниво, прилагодено на неговата состојба.

Во меѓувреме, осуденикот се пожалил и на здравствени проблеми, бидејќи не бил примен во Штипската клиничка болница, иако имал потреба од повторна хируршка интервенција поради компликации по ампутацијата.

Како што наведуваат од канцеларијата на Народниот правобранител, ортопедот во болницата го упатил на лекување во Кочани, каде што му била направена првата интервенција. Сепак, по нова интервенција од страна на КПД Штип, проблемот бил решен – лицето било примено и оперирано во Клиничката болница во Штип.

ИЗВОР: Сакам да кажам

Поврзани вести