Осуден напаѓачот врз новинарска екипа на А1он. Во прашање е драконска казна?

Основниот суд Скопје 1 Скопје денеска го осуди Каников Матија на затворска казна од шест месеци за нападот на новинарската екипа на порталот „А1он“ на протестот на „За заедничка Македонија“ што се одржа на 28 февруари минатата година. Новинарот Александар Тодески и камерманот Владимир Желчески од тој портал претрпеле потрес на мозок и други повреди при нападот во близина на Собранието и тогаш се пренесени со возило на Итна помош пренесени во болница.
Ова е понатамошно драконско пресметување со неистомислениците. Посебно со учесниците на протестите „За заедничка Македонија„ од минатата година кога се кренаа над 200.000 луѓе да искажат несогласување со прифаќањето на „Тиранската платформа“ од страна на Заев.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.