Осумгодишното момче загина во Бостон

Осумгодишното момче Мартин Ричард е една од трите жртви на бомбашките напади на бостонскиот маратон, додека неговата мајка и помалата сестра се тешко повредени и се наоѓаат во болница.

Меѓу повредените има деца кои заедно со родителите го гледале маратонот во близина на целта. Мартин живеел во Дорчестер, предградие на Бостон, каде во понеделникот на целта на маратонската трка што се одржа во овој град експлодираа две бомби. Во нападот загинаа три лица, додека повредени се повеќе од 150 лица, од кои најмалку пет се во критична состојба а на некои од повредените им се откинати екстремитети.
 Според Boston Globe, осумгодишното момче настрадало кога истрчало да го гушне својот татко Бил Ричард во моментот кога ја минал целната линија. Ричард, инаку бил општински функционер. 
 Најголемиот локален весник наведува дека сестрата на момчето во експлозијата ја изгубила ногата, додека мајката, исто така, е тешко повредена.
 Третото дете на брачната двојка не е повредено.
 „Тие се доста омилени во оваа средина. Ова е невозможно, трагично, несфатливо. Вечерва се 
трудиме сите да се тешиме едни со други и да се молиме“, изјавила градскиот одборник Ајана Пресли.
 Причините за експлозијата засега не се познати, а на улиците на Бостон владее хаос. Телевизиите во САД јавуваат дека еден дваесетгодишен Саудиец е задржан како „лице од интерес“, но не е официјално осомничен за напад.
Макфакс
Осумгодишното момче Мартин Ричард е една од трите жртви на бомбашките напади на бостонскиот маратон, додека неговата м

Пронајдете не на следниве мрежи: