Двајца македонски државјани се потешко повредени, откако автобусот со кој патувале доживеал сообраќајна незгода во Австрија, информираат од Министерството за надворешни работи на Република Македонија, откако стапиле во контакт со македонската амбасада во Виена.
Како што информираат од МНР, во автобусот имало 18 македонски државјани. Покрај двајцата потешко повредени кои не се во животна опасност, шестмина од патниците минале со полесни повреди.
Од Министерството најавуваат и потемелен извештај откако во Австрија ќе биде завршен увидот на местото на несреќата.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.