Воздушната кампања на САД продолжи синоќа, што резултираше со најмалку осум загинати цивили во целните региони, според извори на Хутите.Бунтовниците Хути секојдневно трпат воздушни напади од два американски носачи на авиони, кои имаат приоритет на воените цели, а според медиумите Хути, во последните напади е забележана смрт на цивили и деца.„Осум цивили, меѓу кои и две деца, беа ранети кога американскиот непријател нападна станбен блок, западно од Ал-Равда во Сана“, објави новинската агенција Саба.
24/7 operations continue against Iran-backed Houthis from CENTCOM forces aboard USS Harry S. Truman (CVN 75) and USS Carl Vinson (CVN 70).#HouthisAreTerrorists pic.twitter.com/ArFPA86WYo— U.S. Central Command (@CENTCOM) April 26, 2025
Главниот град на Јемен е најчеста цел на напади поради големиот број забележани воени постројки, пред се магацини со воена опрема, но и фабрики или работилници каде се склопуваат ракети и беспилотни летала.Како одговор на синоќешниот напад, Хутите лансираа балистичка ракета кон Израел, која беше соборена од израелски антибалистички системи над Црвеното Море, иако во дел од земјата беше активирана сирена за воздушен напад.