Осум причини зошто треба почесто да јадете пилешко месо

Здравствените придобивки од пилешкото се многубројни, па дури и ако го јадете само белото месо, добро е да знаете дека има многу протеини и содржи многу малку калории, што го прави идеална храна за одржување на посакуваната телесна тежина.
Еве неколку причини зоошто треба почесто да јадете пилешко месо и да го намалите внесувањето на црвено и масно месо.
Извор на протеини
Ако барате одличен извор на чист протеин со малку маснотии, оваа храна е идеална за вас. Пилешките протеини помагаат во зајакнување и развој на мускулите и помагаат во одржување на здрава телесна тежина и помагаат при слабеење.
Природен антидепресив
Пилешкото, како и мисиркиното месо, е полно со аминокиселина триптофан што ви го дава тоа пријатно чувство после јадење домашна пилешка супа. Ако се чувствувате депресивно, јадењето живина ќе ви го зголеми нивото на серотонин во мозокот, ќе ви го подобри расположението, ќе ги намали ефектите од стресот и ќе ве заспие.
Спречува оштетување на коските
Ако веќе не се вбројувате младата популација и се плашите од остеопороза или артритис, конзумирањето пилешко месо ќе ви ги одржи коските здрави благодарение на количината на протеини што ја складира.
Го чува срцето
Хомоцистеин е аминокиселина која може да предизвика срцеви заболувања доколку нејзините нивоа во организмот се премногу високи. За среќа, белото пилешко го контролира нивото на хомоцистеин.


Барате селен?
Пилешкото содржи изобилство на селен, неопходен минерал кој е вклучен во работата на метаболизмот, пренесува activebeat.com.
Го зајакнува метаболизмот
Витаминот Б6 ја стимулира реакцијата на ензимите и метаболните клеточни реакции, што значи дека конзумирањето пилешко месо ги одржува крвните садови здрави, високо ниво на енергија и го стимулира метаболизмот да согорува калории.
Содржи ниацин
Пилешкото е исто така богато со ниацин (витамин Б3), кој ги штити клетките од рак и други форми на генетско оштетување (ДНК).
За здрави очи
Пилешкото месо е богато е со ретинол, алфа и бета каротен и ликопен, добиени од витамин А и важни за здравјето на очите.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.