Голем број деца на возраст меѓу 6 и 13 години признаваат дека искусиле меѓуврсничко насилство. Поголемиот број од децата кои се соочиле со насилство се девојчиња. Ова е проблем на кој треба да му се обрати внимание, но најпрво треба да ги согледаме причините – зошто децата стануваат сурови?
Треба заеднички да се бориме против ваквото однесување. Ајде да пробаме да ги пронајдеме причините за да ги спасиме нашите деца од трауми.
1. Проблеми и недоразбирања дома
Осум причини поради кои децата малтретираат други деца
Опасно е кога децата растат во нездрава семејна средина. Постои голема веројатност децата кои се малтретирани од роднини и самите да практикуваат насилство и да покажуваат агресија врз своите врсници. Тие стануваат насилници затоа што тоа им дава можност да ја контролираат ситуацијата како што не можат дома. Ниската самодоверба води кон желба за доминација над другите.
2. Популарност и покажување социјален статус
Осум причини поради кои децата малтретираат други деца
Многумина од нас имаат гледано филмови во кои популарни тинејџери ги малтретираат другите. Навидум тоа го прават од забава, но всушност тоа е начин на покажување на социјалниот статус.
Популарноста дава моќ, но има и несакани ефекти – може да води до ширење озборувања и оговарање. Истражувањата покажуваат дека децата кои се во центарот на случувањата се помалку агресивни од тие кои се настрана од нив.
3. Знаци на слабост
Осум причини поради кои децата малтретираат други деца
Истражувачите сметаат дека кога децата се сигурни во себе може да ја предводат групата. На тој начин тие ја осигуруваат својата позиција и не се плашат дека ќе го загубат статусот на лидер.
Но, кога децата се однесуваат агресивно, тоа може да се протолкува како знак на слабост. Тие не се сигурни за своето место во групата и одговараат со насилство за да ја сокријат нивната слабост.
4. Притисок од другите деца
Осум причини поради кои децата малтретираат други деца
Ние сме социјални битија и пробуваме да се вклопиме во групата. Ни се чини дека е полесно да си насилник отколку жртва.
Притисокот од другите деца може да биде многу силен, па тие понекогаш мислат дека немаат друг избор освен да го прават тоа што го прават и останатите. Така, се впуштаат во групно малтретирање на другите деца кои се послаби од нив и кои не се вклопуваат во групата.
5. Одмазда по доживеано насилство
Осум причини поради кои децата малтретираат други деца
Кога децата се жртви на меѓуврсничко насилство во училиштето, тие и самите почнуваат да малтретираат деца со кои се среќаваат вон училиштето, како еден вид одмазда. На тој начин тие ги оправдуваат своите постапки, па дури чувствуваат и олеснување.
6. Недостиг на емпатија кон другите
Осум причини поради кои децата малтретираат други деца
Некои деца може дури и да уживаат во малтретирањето и кажувањето навредливи шеги за некого поради тоа што имаат недостиг на емпатија кон другите. Тие едноставно не разбираат дека тоа боли. Затоа е важно да водиме сметка за емотивниот развој на нашите деца. Осетот за тоа што другите чувствуваат ќе ни помогне да изградиме подобри релации со другите кога ќе бидеме возрасни.
7. Недостиг на внимание од другите
Осум причини поради кои децата малтретираат други деца
На децата им треба љубов и внимание од возрасните. Тие имаат потреба да се чувствуваат згрижено. Кога детето ќе стане „невидливо“, кај него може да се развие агресија, вклучувајќи и насилство кон другите.
Во ваков случај детето се труди да добие внимание и одобрување од неговите родители, но тие, всушност, не знаат како правилно да го направат тоа. Детето на кое се заборава станува насилник бидејќи, во одредена мера, тоа го прави повидлив за другите.
8. Стереотипи и предрасуди
Осум причини поради кои децата малтретираат други деца
Малтретирањето предизвикано од стереотипи и предрасуди може да се случи каде било. Децата може да се соочат со него на училиште, на Интернет, или во кафуле, а тоа произлегува од верувањето дека одредени групи луѓе заслужуваат поинаков третман.
Секој сака да се чувствува посебно, и кога едно дете мисли дека е подобро од друго поради неговиот социјален статус или поради други причини, има одреден начин на однесување кој може да вклучува и насилство.
Дали сте биле малтретирани од некого кога бевте деца? Што мислите дека треба да направат родителите, ако согледаат дека нивното дете е насилник? Разговарајте на оваа тема бидејќи тоа може да доведе и до решение на проблемот.