Сите ќе се сложат дека редовното вежбање е најдобриот начин за губење на тежина и чување на здравјето. Но, постојат и многу други методи кои иако се побавни сепак даваат добри резултати.
Порталот „Брајд сајд“ открива осум неверојатни начини за губење на килограмите додека спиете.
Консумирање на протеински шејкови пред спиење
Пијте шејк кој содржи 30 грама протеин пред да одите на спиење. Истражувањата покажуваат дека тоа помага да го зголемите бројот на калории кои телото ги согорува додека се одмара. Протеинот исто така содржи состојки кои помагаат во поправката на мускулите, и колку повеќе имате мускулна маса, толку повеќе калории согорувате додека се одмарате.
Мала вечера
Избегнувајте огромни оброци навечер, особено пред спиење. За време на длабокиот сон нашиот мозок емитува хормони за раст. Ако јадете доцна навечер, хормонот за раст ја складира храната во маст.
Избегнувајте алкохол
Пиењето алкохолни пијалаци пред одење на спиење го намалува времето кое го поминуваме во најважната фаза од сонот, односно РЕМ фазата во која телото согорува најмногу калории. Чаша вино пред вечера е во ред, но запаметите дека не би требало да пиете алкохол три часа пред да легнете во кревет.
Одредете време спиење
Оптимален број на часови за спиење (7-8) е посебно важно за нашето здравје, но и му помага на телото да согори повеќе масти. Луѓето кои добро се одмараат согоруваат 20 отсто повеќе калории по јадењето, во однос на оние кои не се наспале.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.