Министерот за култура и туризам Зоран Љутков, придружуван од премиерот Христијан Мицкоски, министерот за локална самоуправа Златко Перински и градоначалникот Ацо Ристов, денеска беше присутен на настанот во Радовиш за почетокот на реконструкцијата на поранешната „Стоковна куќа“. Оваа зграда со тек на време ќе се трансформира во мултифункционален центар и музеј. Проектот е дел од владината програма за поддршка на културната инфраструктура во Радовиш и е предвидено да тече во две фази. Локалните власти веќе имаат подготвено техничка документација и склучен договор за реализација на првата фаза. По завршувањето на реновирањето, овој некогашен симбол на архитектурата во градот ќе биде домаќин на различни културни и уметнички настани, додека музејот ќе изложува артефакти кои ќе го истакнуваат културното богатство на регионот, подвлече министерот Љутков. Според него, отворањето на овој мултифункционален центар и музеј ќе допринесе значително за обогатувањето на културниот живот во Радовиш и ќе поттикне туристички развој во оваа област.
The post Отворање на нов културен центар во Радовиш appeared first on 365.mk.