Отворена граница и со Македонија, посака Еди Рама

Весникот Observer објави дека во својата порака на крајот од изминатата 2018. година албанскиот премиер, Еди Рама рекол дека по отворањето на границата на Албанија со Косово, истото барање ќе биде насочено кон Црна Гора, Македонија и Грција.
“Наскоро верувам дека наредната пролет ќе ја ставиме границата меѓу Албанија и Косово во режимот на технички критериуми на Шенгенскиот договор. Отворена граница со Македонија, Црна Гора и Грција е исто така наша цел во поблиска иднина, со нашето членство во ЕУ “, рече Рама.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.