Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, денеска во средното училиште „Михајло Пупин“ ги отвори меѓународните турнири во пинг понг за спортисти со телесен инвалидитет и во голбал за лица со оштетен вид.
Во поздравното обраќање, градоначалничката Арсовска истакна дека Градот Скопје е поддржувач на многубројните активности на здруженијата на лица со телесен инвалидитет и со оштетен вид во насока на унапредување и подобрување на нивното секојдневно функционирање.
– Градот Скопје е силна поддршка во активностите за интеграција и подигнување на свеста во општеството за лицата со попреченост. Поддршката на здруженијата на лица со телесен инвалидитет и со оштетен вид во насока на унапредување и подобрување на нивното секојдневно функционирање е еден од приоритетите во мојата програма. Работиме на подобрување на квалитетот на живот на лицата со телесен инвалидитет од здравствен, социолошки, образовен, културен и економски аспект. Многу е важно спортистите со телесна инвалидност да вежбаат и да тренираат, да се дружат и социјализираат и да се дел од спортскиот живот на Скопје – рече Арсовска.
Меѓународниот турнирот во пинг-понг за спортисти со телесен инвалидитет е во организација на Здружението Мобилност Скопје, а меѓународниот турнир во голбал е во организација во организација на Спортско здружение на слепи и слабовидни ФЕНИКС од Скопје. На турнирите учестуваат спортисти од Република Македонија и од неколку соседни држави. Град Скопје двата меѓународни турнира финансиски ги поддржува.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.