Отворено протестно писмо до премиерот Зоран Заев и членовите на Владата на Р.Македонија

Господине Заев љубезно ве замолуваме историјата да ја препуштите на стручните историчари
оти очигледно располагате со многу скромни и за жал ниту основни знаења од сопствената
историја и да си заминете од местото премиер на Македонија оти таму сигорно не припаѓате.
Нашиот став е став дека луѓе кои ги имаат тие високопозиционирани државнички функции
треба да се луѓе со силно национално чуство.Луѓе без страв и луѓе со достоинство кои
правостоејќи со цврст став ќе ги застапуваат интересите и гласот на народот ,кои без
предрасуди ке работат за доброто на својот народ и сите народи кои живеат во Р.Македонија.
Евроинтеграциите биле и ќе бидат наша цел и цел на секој Македонец, бидејќи Македонија не
е ниту Азија ниту Африка. Македонија е дел од Европа и таму припаѓа но никако по секоја цена
и никако по цена на нашиот опстанок како народ и држава.
Ние имаме јасен став и уверување кои сме: Ние сме македонци.
Од каде сме: од Р. Македонија. Ние говориме на изворен и чист мајчин македонски јазик а не
никаков бугарски дијалект. Македонски јазик кој има своја посебна кодификација, кој е
признаен потврден и верифициран во светот.
Ние имаме посебна само своја историја и никако заедничка.
Ние сме Македонци од Р.Хрватска кои остро го осудуваме вашиот став ,вашите непромислени
изјави и вашето тргување со државата.
Исто така бараме слобода и правда за Јане Ченто и за сите учесници од протестите од април
2016 год. а кои според нас се неправедно затворени .
Го осудуваме терминот ,,терористи,, за тие луѓе кои според нас се иницијатори за будење на
националната свест на граѓаните додека правите терористи се високопозиционирани
функционери во власта на Р.Македонија.
Господине Заев ние Македонците од Р.Хрватска ви порачуваме уште еднаш да престанете
јавно да не срамотите,понижувате,исмејувате и распродавате.

Граѓанска иницијатива на македонците во Р.Хрватска
Граѓанска иницијатива на македонците во Р.Хрватска
Да престанете да тргувате со нашиот јазик,историја,идентитет ,култура и традиција .
Едноставно господине Заев според нас за тие прашања нема преговори,нема договори.
Тоа се прашања за кои се има цврст став од Македонскиот народ насекаде во светот ,затоа
одстапете од местото претседател на Владата на Р.Македонија ,поднесете си оставка и
препуштете некому за кој народот ќе избере да ги испере сите прљавштини што ги нанесовте
на нашето име, да се испере срамот и понижувањето, да се врати достоинството на луѓето ,за
да може Македонија слободно да дише и живее.
Граѓанска иницијатива на македонците во Р.Хрватска
Лице за контакт:
Бранкица Богатинов
Емаил. [email protected]

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.