Отиде и Балашевиќ, Џеј, Анте Поповски, Данило Коцевски… Тоа беше тоа, се понатаму е плагијат

Отиде и Балашевиќ… Заминаа Џеј и Шабан Бајрамовиќ. Џони Штулиќ, Бајага и Владо Јаневски се се уште тука, ама како да не се, го нема нивниот жив глас.
Одамна се горе Милорад Павиќ, Момо Капор, Иво Андриќ, Црњански, Душко Радовиќ, Анте Поповски, Петре М. Андреевски, Данило Коцевски и нема што ново да се чита, а да остави белег.
Го нема ни Горан Стефановски, Плевнеш и Душан Јовановиќ не пишуваат веќе… Кустурица се прости од камерата…
Мање-више, тоа е животот на една-две генерации кој заминува и на повидок нема други од таа класа, од таа магија да ги заменат и инспирираат.
Накусо, тоа беше тоа, се понатаму е плагијат. Најчесто неуспешен.
А новиве хиени се закануваат со бруталности, понижувања, бришење и преправање наши биографии… Рипаат само на луѓе кои се врзани. Како што е карактерот на хиените.
Но, залудно. Сите горе спомнати ги исполнија нашите животи кои се среќни и реализирани. Доцна им е.
Заминаа и поголеми до нас, оставија свој белег, оставаме и ние наш белег. И бившите лавови – се лавови, а хиените засекогаш остануваат – хиени.
Статусот на Драган Павловиќ Латас, откако денеска почина легендарниот Ѓорге Балашевиќ…

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.