Дали некој верува во хороскоп или не, тоа е лична работа и секој има право да постапува во согласност со своите верувања. Сандра Сташовиќ, која живее во Шкотска, обожава астрологија, верува во хороскоп и сакаше да се почести за својот 28-ми роденден со одење кај астролог.
„Бев многу возбудена за тоа“, вели Сандра, која сега има 35 години. „Јас секогаш верував во ѕвездите и решив да го сторам тоа за мојот роденден. Сакав прогноза за целата наредна година, по месеци“.
И така, преку истражување дошла кај астролог и нумеролог од САД, една од најпознатите, и вели дека била зачудена од тоа како погодила сè за нејзиниот личен живот.
Сепак, после тоа, сè тргнало наопаку од едноставна причина што Сандра премногу верувала во целата приказна и сметала дека сè е запишано во ѕвездите.
„Мислев дека целата моја судбина е запишана во sвездите, но се покажа дека имам и одредена контрола над тоа. Јас сум способна жена која цврсто веруваше во она што ми го рече астрологот. Во исто време, дозволив лошите работи да се случат, си помислив. Јас сум беспомошна кога станува збор за мојата сопствена судбина, но не сум “.
Елем, Сандра во тоа време била во среќна врска, а астрологот и рекол дека ќе патува многу во текот на годината, како и дека баш ќе го запознае „вистинскиот маж“. А, тоа беше доволно за да го напушти своето тогашно момче кое го сакала.
„Го оставив затоа што хороскопот велеше дека тек ќе ја запознаам љубовта на мојот живот, а запознав интересно момче неколку дена порано. Мислев дека ме сака, но се покажа дека не е така. Тој сигурно не беше вистинскиот за мене, наскоро го сфатив тоа. За среќа, успеав да се смирам со поранешниот и сега уживаме во љубовта“, вели таа.
По посетата на астрологот, Сандра била загрижена дека ќе и се расипат односите со нејзината пријателка, што и се случи.
„Таа беше моја најдобра пријателка, и двете имавме некои проблеми во врските во тоа време, беше тешко време за нас. Се скаравме, си кажавме некои работи, но наместо да се обидуваме да ги решиме работите, јас само ја пуштив да си замине затоа што ги слушав ѕвездите “.
За среќа, подоцна успеавме да го решиме тоа, но вели дека такво нешто воопшто не требаше да се случи.
За жал, таа уништи и една работа што подоцна не успеа да ја поправи – нејзината работ, а се занимаваше со маркетинг.
„Кога започнаа да се појавуваат проблеми на работа, јас едноставно се откажав затоа што ѕвездите велеа дека нема да успеам. Наместо да се обидам да ја спасам работата, само дозволив да пропадне. Мојот став во тоа време беше „зошто да се обидам кога нема да успее?““.
После тоа, за среќа, таа успелљ да започне друга кариера и сега работи во издаваштво, а исто така вели дека од сè научила дека секој од нас има контрола над својот живот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.