Навивач на Колумбија беше ограбен во понеделникот вечерта во Москва, откако непознатото лице од украдената банкарска картичка успеало да направи трансакции од околу 11 илјади евра.– Во вечерните часови во понеделникот, московската полиција доби поплака од навивач на Колумбија, дека непознат сторител му украл чанта, веројатно во центарот на Москва, пренесуваат руските медиуми.
Жртвата ја откри кражбата во моментот кога на неговиот мобилен телефон почнале да пристигнуваат извештаи за повлекување банкарски картички големи суми на пари.
Покрај финансиската штета, несреќниот Колумбиец немаше можност да се утеши со резултатот на неговата репрезентација која синоќа загуби од Англија на пенали и е елиминирана во осминафиналната фаза на СП.
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.