Откажано и китењето на подводната новогодишна елка во Охрид

Членовите на нуркачките клубови „Охрид“ и „Амфора“ во соработка со Сојузот за подводни активности на Македонија, кои ја китат подводната елка во Охридското Езеро веќе 16 години годинава го откажаа настанот заради прераната смрт на градоначалникот на Општина Охрид, проф. д-р Јован Стојаноски. Тие настанот кој го посветуваат на најмладите и лицата со ретки болести решија од почит да го откажат.
-Донесовме заедничка одлука оваа година да не се одржи манифестацијата „Подводно китење на новогодишната елка“ поради ненадејната смрт на градоначалникот Јован Стојаноски, кој беше голем вљубеник на спортот, на градот Охрид и на Охридското Езеро, посебно залагајќи се за негово зачувување за идните генерации, стои во информацијата.

 

Пронајдете не на следниве мрежи: