Откажан најголемиот саем за мобилни телефони во светот поради коронавирусот

Најголемиот саем за мобилни телефони во светот, Мобајл ворлд конгрес (Mobile World Congress) е откажан поради коронавирусот. Извршниот директор на организаторот Џон Хофман изјави дека ширењето на епидемијата го оневозможува одржувањето на настанот, кој беше на програмата од 24 до 27 февруари во Барселона.
– Земајќи го предвид безбедното и здраво опкружување во Барселона и земјата домаќин, ГСМА го откажа Саемот Барселона 2020 затоа што глобалната загриженост за појавата на коронавирусот, патувањата и други околности оневозможува одржување на настанот. Нашите мисли се со оние кои се погодени од вирусот во Кина и ширум светот , рече Хофман, пренесува Врџ.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.