Балканските медиуми вчера со брзина на светлината ја објавија веста дека поранешниот сопруг на Северина, Милан Поповиќ ја пријавил пејачката за семејно насилство.
Тој ја пријавил поранешната сопруга поради тоа што таа во електронска порака него го нарекла „глупав и нездрав човек“ кој мора да се лечи на психијатар, потоа го нарекла и „психопат“, „гад“, „манијак“ и „криминалец“.
Менаџерот на Северина за хрватските медиуми изјави дека пријавата добро го насмеала, додека пејачката се уште не се огласила.
Но, на својот Инстаграм профил Северина објави дека наскоро излегува нејзиниот нов албум.
Со ова Северина очигледно докажа дека не ја интересираат новинарските текстови и тоа не и влијае на работните планови.