Славниот чад од оџакот на покривот од Систинската капела во Ватикан кој доколку е бел значи дека Римокатоличката црква го добила новиот поглавар, а доколку е црн гласањето не донело резултати, не е само производ на изгорените ливчиња со кои гласаат кардиналите на конклавите.
„Kористиме и патрони за потпалување”, појасни Паоло Саргети кој е задолжен за поставување на системот за уништување на ливчињата во Сикстинската капела, пренесува AFP.
Лево од влезот во капелата се поставени две печки, едната за гласачките ливчиња, а другата за хемикалиите за бојадисување на чадот, црн за неуспешен исход од гласањето и бел за избор на папата. Двете печки се поврзани со ист вод до покривот на Сикстинската капела.
Овој архаичен начин на информирање на светот надвор од ѕидините на Ватикан и натаму останува првото објавување за надворешниот свет, иако исто така за тоа се користат и камбаните од Базиликата на свети Петар, иако со незначително задоцнување во однос на чадот, а особено кога бојата на чадот не може јасно да се распознае.
Првично, белиот чад се постигнувал со додавање на влажна слама со ливчињата, додека црниот чад се постигнувал со додавање на еден вид катран. По неколку инциденти со појава на сив чад, потемен или посветол, коишто верниците ги навеле на погрешни заклучоци, Ватикан во 2005 година, кога се случи вакво нешто при изборот на папата кој минатиот месец се повлече од должност – Бенедикт Шеснаесетти, постави нов веродостоен систем.
При изборот на Јозев Ратџингер на 19-ти април 2005 година механизмот не беше усоврешен бидејќи прво се појави светло сивкаст чад, па изборот на Бенедикт Шеснаесетти набрзо го потврдија камбаните.
Сега, за да се постигне црн чад, Ватикан користи смеса од калиумов перхлорат, антрацен и сумпор, додека белата боја на чадот се добива со смеа на калиумов перхлорат, лактоза и колофониум, според достапните информации од официјалните ресурси на Светата столица.
Електронската контролна плоча овозможува избор на состојките за втората печка истовремено додека во првата се палат ливчињата со кои гласале кардиналите.
Макфакс
Славниот чад од оџакот на покривот од Систинската капела во Ватикан кој доколку е бел значи де