Откриени лаборатории за наркотици по падот на режимот на Башр ал Асад

Напуштени по падот на режимот на Асад во Сирија, фабрики за дрога финансирани од Владата се откриваат низ целата земја.Групите кои го соборија режимот открија погон за производство на наркотици во фабрика лоцирана во Дума, област во главниот град Дамаск.Видеото објавено на социјалните мрежи откри дека во подрумот на фабриката оперира работилница за пакување дрога.Во работилницата, дрогата се пакувала во намотки во електричните табли, подготвени за испорака. Дополнително, пронајдено е поголемо количество дрога скриено во разни предмети, меѓу кои и вештачки камења и калапи налик на овошје и зеленчук.Групите ја запалија и уништија запленетата дрога и опремата за нејзино производство на Воениот аеродром „Мезе“ во Дамаск. Дрогата е идентификувана како „каптагон“.Трговијата со каптагон: Регионален проблемВо извештајот на Канцеларијата на Обединетите нации (ОН) за дрога и криминал се наведува дека главното потекло на пратките со каптагон се Сирија и Либан, и дека овие пратки стигнуваат до арапските земји од Персискиот Залив директно по копно, по морски пат или индиректно преку други региони.Според извештајот на Институтот за Блискиот Исток за 2021 година, каптагон произведен во Сирија, вреден околу 6 милијарди долари, бил запленет во странство. Само во април 2022 година, во соседните земји на Сирија се запленети 25 милиони таблети каптагон во вредност од 500 милиони долари.Додека една таблета од дрогата чини само неколку центи да се произведе во Сирија, каптагонот може да се продава и по 25 долари во богатите градови на Блискиот Исток како Ријад.Трговијата со каптагон стана сериозен општествен проблем во соседните арапски земји, што ги принуди на преговори со режимот за да се запре снабдувањето со дрогата.Башар ал-Асад, лидерот на Сирија речиси 25 години, побегна во Русија откако антирежимските групи ја презедоа контролата врз Дамаск, ставајќи крај на режимот на партијата Баат, која беше на власт во Сирија од 1963 година.

Пронајдете не на следниве мрежи: