Откриено е зошто Ето полуде и го шутна во глава човекот со камера (ВИДЕО)

Големата легенда и актуелен претседател на Фудбалската федерација на Камерун, Самуел Ето ги шокираше сите откако излезе снимка на која се гледа како со нога во глава удира камерман.

Излегоа појасни информации за инцидентот, а со изјава се јави и удрениот камерман. Станува збор за јутјубер од Алжир.

Тој тврди дека бил нападнат од Ето откако му поставил прашање за судијата Бакари Гасам. Претходно медиумите пишуваа за афера во која наводно Ето му понудил поткуп на тој судија. Дури се пишуваше дека Камерун може да биде исклучен од Мундијалот, нешто што не се случи.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.