Откриено е каде е Асад! Последните информации за избегнатиот лидер на Сирија (фото)

Најпознатиот руски новинар Владимир Соловиев објави дека претседателот на Сирија Башар ал Асад со семејството е во Москва.Соловиев наведува дека тоа го пренесуваат медиумите.Сирискиот претседател Башар ал Асад заедно со членовите на неговото семејство пристигна во Москва каде, според извори од Кремљ, добил азил.Овој настан се случи во моментот на целосниот колапс на режимот во Сирија и заземањето на главниот град од страна на бунтовниците. Информациите за бегството на Асад, потврдени од руски и сириски извори, предизвикаа силен одговор како во Сирија, така и на меѓународната сцена.Официјални лица во Москва сè уште не коментираат детали, вклучително и локацијата на Асад и неговото семејство во Русија. Во меѓувреме, во Дамаск неговото ненадејно „заминување“ предизвика бран огорченост. Претставниците на поранешната провладина елита и многу Сиријци овој потег го опишаа како „срам“ и „предавство“.„Нашата земја е оставена во урнатини, а нашиот претседател одлучи да побегне, оставајќи го народот без раководство и заштита“, велат локалните жители.Асад и членовите на неговото семејство пристигнаа во Москва, каде што добија азил од хуманитарни причини, изјави соговорникот на ТАСС.– Како резултат на преговорите меѓу Башар Асад и голем број учесници во вооружениот конфликт на територијата на Сириската Арапска Република, тој одлучи да поднесе оставка од функцијата претседател и да ја напушти земјата, давајќи инструкции за мирен трансфер на власта – беше објавено претходно.

Пронајдете не на следниве мрежи: