Директорката на американската Воена програма за истражување на заразни болести Венди Самсонс-Џексон, денеска изјави дека е разумно да се очекува дека до крајот на годината „на дел од американската популација може да и биде достапен некој вид вакцина против коронавирусот“.
Американскиот министер за одбрана Марк Еспер на 15 мај изјави дека американската Влада, во соработка со приватниот сектор, ќе произведе вакцина за американскиот народ и партнерите во странство до крајот на годинава.