Во регионот не престанува да се зборува за драмата за Северина и нејзиното приведување и испрашување на границата со Србија, а сега се дозна и кому требало да пее пејачката вечерта кога со часови ја држеле на граница, по што одбила да влезе во таа земја.Самата Северина во својата првична изјава по инцидентот изјави дека требало да пее на „18 роденден“.Според Direktno.rs, пејачката требало да настапи на приватната забава на Драган Руварац.Драган Руварац е директор на фирмата „Стефиал“, а тамошните медиуми го нарекуваат „градител на СНС“ затоа што незаконски изградил градежен комплекс во белградската општина Врачар, заедно со поранешниот фудбалер и тренер на Црвена звезда, Дејан Станковиќ, кој е сопственик на гореспоменатата компанија.На роденденската прослава на која требаше да пее Северина, повеќето гости беа членови на СНС, односно Српската напредна странка. Тие наведуваат и дека Сузана Васиљевиќ, советничка на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, која била меѓу гостите, побарала Северина да биде ослободена од границата, односно да влезе во земјата.Очигледно нејзиниот повик вродил со плод и полицијата по неколку часа ѝ кажала на Северина дека може да влезе во Србија, што таа потоа го одбила и се вратила во Хрватска.Потсетуваме, Северина беше приведена на границата со Србија, а сето тоа јавно го соопшти.„За време на сослушувањето почнаа да ми поставуваат прашања што мислам за Сребреница, Олуја, зошто ги поддржував демонстрациите против ископувањето на литиум и напишав дека ова е Србија што ја сакам. Тие го допреа и Јасеновац, а стигнаа и до Туѓман. Дали треба да кажам дека полицаецот во своите 30-ти постојано се обидуваше да ми објасни дека само си ја вршел работата, затоа што јас сум јавна личност и имам општествено влијание, па еве…“, рече Северина.„Никогаш повеќе нема да дојдам во Србија додека овој човек не се повлече од власт. Сите знаеме кој е тој“, рече таа.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.