Во една од трите згради, каде што е во тек акција на косовската полиција, пронајдено е оружје и експлозивни направи, изјави денеска заменик-директорот на полицијата за регионот Митровица – Север Ветон Ељшани, кој додаде дека полицијата спроведува акција на вкупно четири локации на северот на Косово, вклучувајќи го и северниот дел на Косовска Митровица.
Ељшани претходно за Танјуг изјави дека членовите на на косовската полиција спроведуваат полициска акција во северниот дел на Косовска Митровица во врска со настаните во Бањска на 24 септември и дека во тек е претрес на станбена зграда во близина на главниот мост.
- Петчлено семејство загина во судир на автомобил и возило на војската на Србија, меѓу жртвите има и три деца
- Градоначалникот на Минхен официјално го отвори овогодинешниот „Октоберфест“
- Економски раст во Косово во вториот квартал од 4,27%
- Николовски: ВМРО-ДПМНЕ лаже, не се способни да организираат еден саем во странство
- Николовски: ВМРО-ДПМНЕ лаже, не се способни да организираат еден саем во странство
- Задолжителниот воен рок во Србија треба да започне во септември 2025 година
- ОH: Пpетворањето обични уpеди во бoмби го прекршyва меѓународното право
- Цената на златото pyши pекорди: Од почетокот на годината поcкапело за 22%
- Вучиќ: Гробот на Тито нема да биде преместен од Куќата на цвеќето
Засега нема апсења, изјави Елишани за Танјуг.
Припадниците на полицијата носат шлемови, некои имаат панцирни елеци и фантомки, присутни се полицајци во цивилна облека, како и едно возило на ЕУЛЕКС, а на локацијата се и припадници на КФОР.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.