Австриската и словачката полиција во заедничка операција откриле широко распространет синџир за трговија со луѓе, при што се приведени осум лица, меѓу кои две за коишто се претпоставува дека раководеле со групата, пренесува во вторникот австриската новинска агенција APА.Припадниците на оваа група уште во 2011 година намамиле околу 70 девојки од Словачка во Австрија, каде што ги присилувале на проституција, соопшти во вторникот полициската управа на покраината Горна Австрија.Полициите од двете земји подолг период ги следела осомничените и активностите на групата, а на почетокот од март годинава во рамките на меѓународна полициска операција во Словачка биле уапсени осум лица. Меѓу уапсените во двајцата главни осомничени подведувачи на 41 и 42-годишна возраст.Во трагата на оваа група, полицијата дошла преки истрга во круговите коишто се занимаваат до недозволената проституција.Важна улога во откривањето на синџирот, пак, имало „препродавањето“ на една полска проститутка. Нејзините подведувачи наводно барале 58 илјади евра од еден 45-годишен Австриец кој се вљубил во неа. Во спротивно, му се заканиле дека ќе ја продадат на група во странство. Австриецот го платил бараниот износ.Полјачката, меѓутоа, побегнала од јавната куќа и заедно со девојките од Словачка и дала исказ во полицијата.
МакфаксАвстриската и словачката полиција во заедничка операција откриле широко распространет синџир за трговија со луѓе, при